Во саботата, рано наутро експлозии и звуци од авиони што летаа ниско го потресоа Каракас, поради што венецуелскиот претседател прогласи вонредна состојба.
Владата го опиша настанот како „исклучително сериозна воена агресија“ од страна на Соединетите Американски Држави и распореди вооружени сили и народна милиција за, како што рече, да го брани суверенитетот.
После тоа, Трамп официјално објави на својата социјална мрежа „Trush Social“ дека Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, се заробени и успешно изнесени од Венецуела.
Местоположбата на Мадуро и неговата сопруга засега е непозната.
Се што е познато е дека Мадуро бил заробен од Делта силите на американската армија, изјавија официјални лица за американскиот партнер на Би-Би-Си, Си-Би-Ес њуз.
Кој е Николас Мадуро?
Николас Мадуро, роден во Каракас во 1962 година, потекнува од левичарско семејство, а неговиот татко бил синдикален активист.
Откако завршил средно училиште, работел како возач на автобус.
Тој влезе во политиката во 1980-тите, кога ги претставуваше возачите на автобуси во Каракас како неофицијален синдикален лидер.
Тој беше меѓу основачите на „Движењето за Петта Република“ кое го поддржа Чавез на изборите во 1998 година. Беше избран во венецуелскиот парламент неколку мандати.
Во 2007 година, покојниот Чавез ја основа Обединетата социјалистичка партија на Венецуела, на која се приклучи и Мадуро.
Тој беше министер за надворешни работи на Венецуела од 2006 до 2013 година. Чавез го назначи за свој наследник додека беше жив, па Мадуро ја презеде партијата, а во 2013 година, на предвремените претседателски избори, го победи кандидатот на опозицијата Каприлес со разлика од 1,5 проценти.
Владеењето на Мадуро се соочува со повеќекратни предизвици од опозицијата. Неговиот сè поавторитарен стил предизвика меѓународни критики и повеќекратни повици за негово отстранување.
Економски колапс, политичка репресија и спорни избори го одбележаа неговото претседателствување, пишува wionews.com . Според американскиот Стејт департмент, „од 2019 година, повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги и САД, одбиваат да го признаат Мадуро за шеф на државата Венецуела“.
Негов заштитен знак се тренерките.