„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“

На оваа неовообичаена промоција, ќе зборува  проф. д-р Дејан Донев, а љубителите на книгата ќе уживаат и во свежите музички креации на “captatio benevolentiae” со “Второ  колено”– Дејан Петровиќ (Чапс) вокал и гитара  и Пеце Трајковски (Брада) на перкусии и хармоника.

Во книжарницата ИЛИ-ИЛИ, утревечер (10 јули) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Од личност до маска-за новата нормалност“, прва книга на Влатко Деловски која ќе биде пропратена со настап на „Второ колено“.

На оваа неовообичаена промоција, ќе зборува  проф. д-р Дејан Донев, а љубителите на книгата ќе уживаат и во свежите музички креации на “captatio benevolentiae” со “Второ  колено”– Дејан Петровиќ (Чапс) вокал и гитара  и Пеце Трајковски (Брада) на перкусии и хармоника.

Авторот ги поканува, како што вели љубителите на философија, есеистика, личности и маски, на спонтано дружење „после горештините“ да ја претстави својата непретенциозна книга и да уживаат заедно во убавата мисла.

Влатко Деловски е роден во Битола, а потекнува од моштенскиот ареал на Пелагонија. Од Градежен факултет заминал да студира на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ каде дипломирал, подоцна магистрира на Институтот за македонска литература во Скопје на тема: „Културолошки параметри во првата канонизација на светители за МПЦ-ОА“. Во моментов е на докторски студии на ИМЛ при УКИМ. Директор е на НУМ Смилевски конгрес – Смилево. Но, работи и како консултант – надворешен научен соработник при Бигорскиот манастир „Св.Јован Крстител“. Влатко е реализиран човек во рамки на заедницата, сопруг, татко на две деца, активен качувач на карпи и планинар, велосипедист и сл.

„Второ колено“ се всушност скратена формација од „Трето колено“, музичко трио кое недомана ја претстави својата авторска музика а во полн состав членуваат Дејан Петровиќ – Чапе: вокал и гитара, Дејан Марковски – Деки: вокал и гитара, Пеце Трајковски – Брада: перкусии и хармоника

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни