Од куќен, во ефективен притвор оди напаѓачот на Данела Арсовска

Спорната дивоградба која се наоѓа во близина на Полициската станица Бит Пазар, поради која беше и нападот продолжува да гради и понатаму

По жалба на Јавното обвинителство, Кривичниот суд во Скопје денеска одлучи да му се замени домашниот со ефективен, затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска.

„С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена мерка куќен притвор. Но, советот смета дека опстојуваат околностите од чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

По доставеното решение, од надлежната Полициска станица добиено е известување дека лицето е веќе спроведено во Затворот Скопје.

Минатата недела, градоначалничката Арсовска со тупаници беше нападната додека била на увид на дивоградба на Бит Пазар.

Спорната дивоградба која се наоѓа во близина на Полициската станица Бит Пазар, поради која беше и нападот продолжува да гради и понатаму.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни