Од Крушево до Тузла: Летна турнеја на претставата „Добри луѓе“

Годинава претставата „Добри луѓе“ се играше во Драмски театар Скопје, во МКЦ на фестивалот Скопско лето и во БИТЕФ ТЕАТАР Белград

Претставата „Добри луѓе“ според текст на Данкан Мекмилан во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“ од сабота(2.8) од Крушево во амфитеатарот на летна сцена со почеток од 21 часот на Илинден тргнува на турнеја низ државата и во Босна и Херцеговина.

Претставата во Крушево е во склоп на манифестацијата „Десет дена Крушевска република“.

Во дуодрамата „Добри луѓе“ играат Филип Христовски и Тијана Трајчевска, музиката е на Ива Дамјановски, дизајнот на рекламниот материјал е на Бојана Цилевска, а продуцент е актерот Бобан Алексоски.
Во недела(3.8) претставата продолжува на Меѓународниот театарски фестивал „Без рамка“ во Демир Капија во Домот на култура „Мирка Гинова“.

Театар „Златен Елец“ трет пат учествува на овој ревијален фестивал, претходно со наградуваната „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска и „Дневникот на лудиот3:Куќа на духови“ во режија на Ѓорѓи Ризески.
На 9ти август претставата се игра во Радовиш на летна сцена, а на 10ти август пред Костурницата во Велес во рамките на програмата Велешко лето 2025.

Потоа, на 27ми август претставата се игра на планината „Плачковица“ во близина на Штип, воланинарскиот дом „Вртешка“ на ВИА „ВРТЕШКА“.

На 30ти август претставата „Добри луѓе“ го затвора ревијалниот фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина – „Позориште без граница“.

Театар „Златен Елец“ уште од 2020 година со сите претстави патува низ државата, но и надвор од неа.
Се трудиме секое лето да правиме мала турнеја, како што лани тоа беше со претставата „Кенди“ и „Пингвинот“ во режија на Тамара, претходно со претставата „Грета“, монодрамите „Дневникот на лудиот“, Надица Петрова со стендап настапите, со детските претстави, со другите претстави што сме ги работеле – вели Бобан Алексоски.

Инаку, годинава претставата „Добри луѓе“ се играше во Драмски театар на неделата на независна сцена, Младинскиот културен центар на фестивалот Скопско лето и во БИТЕФ ТЕАТАР Белград Република Србија, а премиерата се случи во месец ноември 2023 година.

Од месец септември театар „Златен Елец“, новата 2025/2026 сезона ја започнува со три големи нови проекти, a ќе режираат Тамара Стојаноска и Мирко Радоњиќ од Црна Гора.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни