Постојат многу работи кои мајката ни ги дава во животот, а ние за тоа не сме ни свесни. Една од тие работи е нашата интелигенција.
Жените имаат XX хромозоми, додека мажите имаат XY хромозоми. Хромозомот е како тврд диск во нашите клетки што ги пренесува нашите гени на потомците. Според една студија, нашата интелигенција доаѓа директно од многу важните X хромозоми. Бидејќи нашите мајки имаат два такви хромозоми, веројатноста дека интелигенцијата е наследена од мајчината страна е двојно поголема.
Иста студија покажува дека XY хромозомите, кои ги добиваме од таткото, се одговорни за физичките аспекти на детето.
Меѓутоа, хромозомите на мајката не се единствениот фактор кој помага децата да станат интелигентни. Познато е дека блиската врска и мајчината љубов значително влијаат на развојот на мозокот.
„Значајноста на емоционалната врска за развојот на мозокот ја докажале истражувачи од Универзитетот во Вашингтон, кои откриле дека сигурната врска и мајчината љубов се клучни за растот на одредени делови од телото, вклучувајќи го и мозокот.“
Овие истражувачи седум години ги анализирале односите помеѓу мајките и нивните деца и откриле дека хипокампусот кај 13-годишни деца, чиј што мајки им давале емоционална поддршка и интелектуална стимулација, бил за 10 отсто поголем во споредба со децата чиј што мајки биле емоционално ладни.
„Хипокампусот е дел од мозокот поврзан со паметење, учење и реакции на стрес.“