Од Холивуд до фарма на село: Аманда Сејфрид ги откри деталите од нејзиниот рурален живот за кои вели дека ја спасил

Актерката Аманда Сејфрид ја донесе животна одлука и направи пресврт во животот, се пресели подалеку од гламурот и Лос Анџелес на фарма во државата Њујорк. 38-годишната ѕвезда, позната по улогите во филмовите “Mamma Mia!” и „Mean Girls“, за Форбс, откри како овој потег бил клучен за нејзиното ментално здравје и како на селскта фарма, ја нашла својата мала оаза на мирот каде што ужива во својата приватност без грижа.

На фармата таа е со нејзиниот сопруг, актерот Томас Садоски и нивните две деца – седумгодишната Нина и четиригодишниот Томас.

Во интервјуте за Форбс актерката зборува за нивното секојдневие.

„Се преселив и живеев на село долго време пред да имам семејство. Престојот во ваква средина беше најдобрата одлука во однос на приватноста, мирот и живеењето во природа. Тој нуди поурамнотежен живот од градот. Исто така, имам вистинско животинско царство. Таа и семејството се грижат за кокошки, коњи, кози и магаре. Посебно место во нејзинто срце зазема 15-годишниот австралиски овчар Фин, кого го смета за нејзин најблизок пријател. “Враќањето на Фин, од Холивуд, кога имав дваесеттина години ми помогна да останам приземјена. Моите миленици навистина ми ја одржуваат рамнотежа”, рече актерката.

Додала и дека нејзините деца учат важни животни лекции, кои најверојатно не би имале можност да ги прават во градот. „Тие ја учат одговорноста и привилегијата да се грижат за домашните миленици, дури и на нивната млада возраст. Мислам дека сите миленичиња ни даваат цел, и бидејќи тие ги збогатуваат нашите животи толку многу, ние сме одговорни за нивниот – што вклучува грижа за нивното здравје и добро -битие“, заклучи таа.

Аманда е една од оние ѕвезди кои со преселбата на село покажаа дека славата и гламурот не се единствениот пат до среќата. Нејзиниот нов живот на фармата, исполнет со љубов кон семејството и животните, е инспирација за многумина кои копнеат за потивок и поисполнет живот, далеку од рефлекторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни