Два нови сателити на навигацискиот систем Галилео беа лансирани во вселената од ракетата Аријана 6 од Европскиот вселенски центар во Француска Гвајана.
Ова е 14-то оперативно лансирање во рамките на програмата Галилео, објави денес ANSA.
Сателитите, означени како SAT 33 и SAT 34, ќе го подобрат системот со додавање резервни сателити во соѕвездието, со цел да се обезбеди непрекината 24-часовна навигација за милијарди корисници, соопшти Европската вселенска агенција (ESA).
SAT 33 и SAT 34 ќе се приклучат на постојната соѕвездие во средната Земјина орбита, на висина од 23.222 километри над површината на Земјата.
Програмата Галилео ја управува Европската комисија како дел од вселенската програма на Европската унија, додека Агенцијата за вселенски програми на Европската унија (EUSPA) е одговорна за работењето на сателитите од нивното влегување во орбитата до крајот на нивниот циклус.