Од денеска „Стоп за Вардариште“ три часа ќе го блокира мостот „Близнак“

Целта на организаторите е институциите да донесат конкретен план за оградување, 24-часовен надзор и хигиенско-технички мерки за Вардариште

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ од денеска започнува со нови протести кои ќе се одржуваат секојдневно во терминот од 15 до 18 часот, со блокада на мостот „Близнак“.

Од иницијативата велат дека на ваков чекор се одлучиле поради, како што наведуваат, игнорантскиот однос на институциите кон нивните барања. Според најавите, протестите ќе се интензивираат сѐ додека надлежните органи не излезат со конкретни решенија во врска со проблемот Вардариште.

На протестот се очекува да се приклучат жители од Аеродром, Ново Лисиче и дел од околните населби. Активистите потсетуваат на последниот инцидент со пожар на „Вардариште“, по кој повеќе населби останале без електрична енергија, а миризбата и загадувањето се чувствувале со денови.

Целта, велат, е институциите да донесат конкретен план за оградување, 24-часовен надзор и хигиенско-технички мерки кои ќе спречат нови палења и натамошно натрупување отпад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни