Од денес во Австралија шефовите не смее да им се јавуваат на вработените после работа

Австралија на милиони вработени им даде законско право да се „исклучат“, дозволувајќи им да ги игнорираат неоправданите повици, СМС-и и е-маилови од своите шефови.

Луѓето сега може да одбијат да ги читаат или одговорат обидите на нивните шефови да ги контактираат надвор од работно време, освен доколку тоа одбивање не се смета за „неразумно“.

Синдикатите го поздравија ваквиот закон, велејќи дека ова ќе придонесе за подобра рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот на работниците.

„Денес е историски ден за работниците. Австралиските синдикати го вратија правото на завршување со работа по смената“ изјави Мишел Онил, претседателка на Австралискиот совет на синдикати.

Ваквите измени се поздравени и од работниците, кои велат дека сега ќе може да го одморат мозокот и да бидат нон-стоп достапни.

Сепак, реформата не беше најпозитивно примена и од австралиското индустриско тело.

„Законот за право на прекинување на врската е избрзан, лошо смислен и загрижувачки“ изјавија од Australian Industry Group и додаваат дека сега и работодавачите и работниците ќе бидат несигурни околу тоа дали смеат да се јават надвор од работното време.

Слични закони веќе постојат и во неколку европски и латиноамерикански држави. Истражувањата покажуваат дека правото на исклучување им користи на работниците.

Повеќе од 70 отсто оод работниците во фирмите во ЕУ со политика на право на исклучување сметаат дека тоа е позитивно за нив.

„Да се има пропис кој во одредена мерка ја враќа границата помеѓу работното и неработното време е позитивна работа, секако за работниците, но и за работодавачите, особено во индустрии кои се обидуваат да привлечат нови работници“ вели Крис Рајт од Универзитетот во Сиднеј.

Правобранителката за работни односи на Австралија, Ана Бут вели дека луѓето треба да користат здраворазумски пристап со примената на новито закон.

Согласно законот, судот може да им нареди на работниците да престанат неразумно да ги одбиваат контактите надвор од работното време, а исто така може и на работодавачите да им се нареди да престанат неразумно да бараат од работниците да одговараат.

Прашањето за што е тоа разумно или неразумно, според правобранителката ќе зависи од околностите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни