Од 7 јануари на главниот аеродром во Дамаск повторно ќе има меѓународни летови

Сириската управа за цивилно воздухопловство објави дека од 7 јануари на главниот аеродром во Дамаск повторно ќе има меѓународни летови.

Сириската новинска агенција, исто така, објави дека меѓународните цивилни летови до и од Дамаск ќе продолжат следната недела, откако беа откажани кога опозициските сили го зазедоа аеродромот минатиот месец.

„Објавуваме дека од вторник ќе започнеме да прифаќаме меѓународни летови до и од меѓународниот аеродром во Дамаск“, се вели во соопштението на Сириската управа за цивилно воздухопловство, цитирана од агенцијата, која забележува дека авиони со меѓународна помош веќе слетуваат во Сирија.

Претходно оваа недела, катарската авиокомпанија „Катар Ервејс“ објави дека од вторник ќе ги обнови летовите за Дамаск.

Домашните летови на аеродромот во Дамаск беа обновени на 18 декември, десет дена откако беше соборен на 8 декември тогашниот претседател Башар ал Асад, кој владееше со Сирија повеќе од две децении, и ја напушти земјата додека бунтовниците напредуваа кон сириската престолнина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни