Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира граѓаните дека од 4 април 2026 година стапува во сила нов возен ред за дел од автобуски линии во градот. Измените се воведуваат со цел усогласување со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници, како и за подобрување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз во Скопје.
Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и термините по линии и по постојки, ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на ЈСП „Скопје“.
Инаку, новиот возен ред следува по одлуката што беше изгласана на последната седница на Советот на Град Скопје.