Од 26 до 29 јуни во Битола ќе се случува 23-тото издание фестивалот „Битола Отворен Град“.
Во склоп на фестивалот ќе се прикажуваат улични изложби, работилници, улични сценски настапи, простор за промоција на млади музичари и бендови, поврзување на култури, размена на искуства, мислења и ставови, младински волонтерски активности и голем музички хепенинг во петок на 28 јуни.
Програмата и учесниците на фестивалот ќе бидат презентирани во наредните недели.