Од 2026 година – со воз од Прага до Копенхаген преку Берлин! Европа станува сè поблиска!

Патувањето од Копенхаген до Берлин ќе трае околу 7 часа, а до Прага околу 11 часа

Европската железничка мрежа добива голем поттик: од 1 мај 2026 година започнува нова директна железничка линија што ќе ги поврзува Прага, Берлин и Копенхаген. Возот ќе биде дел од соработката меѓу германските, чешките и данските железници – Deutsche Bahn (DB), Czech Railways (ČD) и Danish Railways (DSB).

Новата линија ќе се вози со ултрамодерниот ComfortJet, кој нуди неверојатни удобности: ресторан во возот, Wi-Fi, простор за велосипеди, детско кино, па дури и прозорци кои овозможуваат подобра мобилна конекција. Планирано е да има капацитет за 555 патници, со посебни места и лифтови за лица со попреченост.

Патувањето од Копенхаген до Берлин ќе трае околу 7 часа, а до Прага околу 11 часа. Дополнително, ќе се воведе и летен ноќен воз, кој сега завршува во Хамбург, но од следната година ќе продолжува до Прага. Ќе има и застанувања во големи градови како Дрезден и Хамбург.

Оваа рута е дел од поширока иницијатива на ЕУ за подобрување на прекуграничниот железнички сообраќај. Новата линија е еден од десетте пилот-проекти избрани од Европската комисија за поврзување на европските градови и промовирање на еколошки транспорт.

„Овој директен воз не е само за патници – тоа е чекор напред кон декарбонизација на Европа,“ изјави градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер.

Железничкиот бран не запира тука – ова лето се враќаат ноќните возови, се прошируваат линиите од Варшава до јадранското крајбрежје, а приватни стартапи како Dreamstar Lines планираат да поврзат 100 европски градови со удобни спиечки вагони.

И покрај предизвиците со различни билети, инфраструктура и координација меѓу железничките компании, Европа е на чекор поблиску до целосно поврзана, зелена и лесно достапна железничка иднина.

Заборавете на летовите – возовите се враќаат на голема врата!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни