Од 18 март раселени околу половина милион Палестинци

Околу 500.000 Палестинци се раселени од Појасот Газа од крајот на примирјето кога Израел ги продолжи воените операции на 18 март, изјави Стефани Тремблеј, портпаролка на генералниот секретар на Обединетите нации.

– Хуманитарните организации кои соработуваат со ОН проценуваат дека од 18 март приближно половина милион луѓе се раселени, рече Тремблеј.

Таа додаде дека пред крајот на примирјето, повеќе од два милиони луѓе веќе беа раселени од областа Газа. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни