Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за возилата

Од 15 ноември до 15 март, сите возила што се движат по јавните патишта мора задолжително да имаат зимска опрема, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Фото: mvr.gov.mk

Според законските одредби, автомобилите до 3.500 килограми треба да имаат зимски гуми со најмалку 4 мм длабочина на шарата, или летни гуми со синџири за снег во приборот. За потешките возила и оние со погон на сите четири тркала, минималната длабочина изнесува 6 мм.

Зимските гуми се препознаваат по ознаките „M+S“, „MS“, „M&S“ или симболот снегулка на планина со три врва, додека пневматиците со клинци остануваат забранети.

Од МВР апелираат возачите навреме да ги подготват своите возила за зимски услови, со цел да се обезбеди безбеден и непречен сообраќај во наредните месеци.

Извор: 360 степени

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни