Листата е направена според бројот на убиства во 2024 година на 100.000 жители, исклучувајќи ги областите погодени од војна.
Според овие информации, најопасен во светот е малиот град Колима во Мексико, пред се поради нарко картелите кои се борат за лидерство во трговијата со дрога. По него следуваат мексиканскиот град Сиудад Обрегон и Порт-а-Пренс, главниот град на Хаити. Мексиканските градови Замора, Манзанило, Тихуана и Закатекас се наведени од четврто до седмо место.
Еквадорскиот пристанишен град Гвајакил е на осмото место, а јужноафриканскиот град Мандела Беј е на деветтото место. Интересно е што тоа е единствениот град на листата кој се наоѓа надвор од границите на Латинска Америка. На десеттото место повторно е мексикански град – Сиудад Хуарез.