Од 1 јануари минималната нето плата во Хрватска ќе биде 750 евра

Новата минимална плата опфаќа 30.000 луѓе повеќе отколку пред две години, објави порталот Poslovni.hr.

Износот на минималната нето плата во Хрватска од 1 јануари следната година треба да се зголеми за 80 евра, од овогодинешните 670 на 750 евра или за 15 отсто.

Новата минимална плата опфаќа 30.000 луѓе повеќе отколку пред две години, објави порталот Poslovni.hr. Дали „минималната плата“ е доволна за покривање само на комуналните услуги, е прашањето кое го поставуваат граѓаните деновиве во Хрватска.

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека во Хрватска денеска 100.000 луѓе го добиваат „минимумот“ и посочи дека „целта на владата е да обезбеди подостоинствен живот за оние кои имаат најмалку“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни