Објавени најдобрите 100 филмови на 21. век – Познати режисери и актери гласаа за број 1

По цела недела одбројување и кинематографски возбуда, конечно е објавена комплетната листа на 100-те најдобри филмови на 21. век.

Денес беше откриен и врвот на листата – филмот кој го освои првото место според гласовите на стотици влијателни режисери, актери и филмски професионалци од Холивуд и светот.

Филмската листа е резултат на широка анкета меѓу некои од најпрепознатливите имиња во индустријата, кои ги одбраа своите омилени дела од новиот милениум – филмови што ги одбележале последните две децении со моќни приказни, иновативна режија и врвна глума.

https://www.instagram.com/nypost

Следбениците на платформата може да ја прелистаат целата листа со едноставно „свипање“, за да видат дали нивните омилени филмови влегоа во топ 100. Преку линкот во биографијата, достапна е и целосната листа, заедно со личните избори на некои од најценетите филмски ѕвезди, како и можност секој да направи и сподели своја топ 10 листа.

Филмските ентузијасти веќе ги споделуваат своите реакции, додека се коментира дали победникот заслужено го зазеде тронот на модерната кинематографија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни