Објавена листата на најдобри градови на планетата – првиот на листата нема да ве изненади, но третиот! Во нив се заработува најмногу, нудат најдобар живот и владеат со планетата

Кои градови денес навистина нудат најдобар баланс на животот – од економија и образование, до култура, храна и управување? Тоа прашање се поставува секоја година, а најновиот одговор доаѓа од Oxford Economics, кој штотуку го објави својот глобален индекс на градови за 2025 година.

Во анализата беа опфатени 1.000 најнаселени градови, кои се оценуваат врз основа на 27 индикатори во пет категории: економија, човечки капитал, квалитет на живот, животна средина и управување. Секој град добива вкупен резултат.

Значи, кој град го зазеде првото место за 2025 година? Њујорк е на врвот на листата втора година по ред. „Големото јаболко“ постигна вкупна оценка од 100 и се истакна во економската категорија благодарение на големиот БДП, високиот приход по глава на жител и фактот што е дом на многу корпорации.

Сепак, не се прослави кога се во прашање животната средина и управувањето – во тие категории беше рангирана на 168 и 161 место. Слабостите вклучуваат низок степен на еднаквост, високи трошоци за домување и недостаток на економска разновидност.

На второ место е Лондон, кој ја задржа својата позиција од 2024 година, со вкупен резултат од 98,5. Британскиот главен град има слични слабости како Њујорк, но се издвојува по големиот број универзитети, пониските емисии и високиот БДП.

Третото место му припадна на Париз, со оценка 94,4. Градот на светлината се истакна во категориите човечки капитал и квалитет на живот, а за добриот резултат придонесоа големиот број на културно-рекреативни објекти.

На листата се уште два американски града – Сан Хозе и Сиетл – додека дури осум американски градови се најдоа меѓу првите 20.

Ова се најдобрите градови во светот според Глобалниот индекс на градови за 2025 година:

Њујорк, САД
Лондон, Обединетото Кралство
Париз, Франција
Сан Хозе, САД
Сиетл, САД
Мелбурн, Австралија
Сиднеј, Австралија
Бостон, САД
Токио, Јапонија
Сан Франциско, САД
Лос Анџелес, САД
Вашингтон, САД
Даблин, Ирска
Стокхолм, Шведска
Сеул, Јужна Кореја
Цирих, Швајцарија
Осло, Норвешка
Копенхаген, Данска
Далас, САД
Торонто, Канада

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни