Објавена книгата „Избрани песни“ од нобеловецот Радјард Киплинг

Во книжарницата на Полица пристигна уникатното издание, книгата– „Избрани песни“ од Радјард Киплинг, првиот Англичанец што ја примил Нобеловата награда за литература, авторот што ја напишал „Книга за џунглата“.

Ова е прв препев на неговата поезија на македонски.

Изборот од 48 песни го направи препејувачката Ана Пејчинова, која притоа се раководи од два критериуми: релевантноста на песните во денешното време од историски или уметнички аспект и нивното „легнување“ на македонски јазик.

Оваа книга е збогатена и со нејзин предговор, биографија на Киплинг и белешки за секоја од песните и интерпретација.

„Главно, оваа збирка бараше време, упорност, многу верзии, сонување зборови со отворени очи и ненадејни инспиративни мигови“, вели Пејчинова за овој подвиг за пренос на јазикот на Киплинг („некогаш уличен, некогаш архаичен“) на македонски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни