Објавена целосната програма за „Скопје прајд викенд“ под мотото „Југоквир“

Организаторите на Скопје Прајд Викенд ја објавија годишената програма на настани кои годинава се одржуваат под мотото „Југоквир“

Програмта започнува на 03 јуни (вторник) во 20:30 часот Музеј на современа уметност Скопје со изложбата ПАНК.СУПКУЛТУРА.СОЦИЈАЛИЗАМ.АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА со кураторката Марина Грижник, во соработка со Славчо Димитров, по што на терасата на музејот следува коктел со музичка селекција на Црно Семе.

Во продолжение, целосната програма на фестивалот:

04 јуни (среда) во 19:00 во КСП Центар Јадро -Симпозиум „За квир културата, Балканот, Источна Европа и глобалните транс* побуни“ со Марина Гржиниќ, Тјаша Канцлер, Јануш Чех, Весна Липоник и ДК

05 јуни (четврток) 20:30 во МКЦ (сала „25 Мај“) – Перформанс на Алма Гачанин „Колку добро се покажа денес“ (Перформансот се прикажува во партнерство со Фестивалот за феминистичка култура Прво па женско (Tiiiit.Inc)

08 јуни (недела) во 19:00 во Театар Комедија – Вечер на раскажување квир прикасни „Пич Прич: СРАМОТА“ со модераторките: Румена Бужаровска и Јана Јакимовска.

12 јуни (четврток) во 20:30 во МКЦ (сала „25 Мај“) Танц „Нестабилни другари“ со Игор Коруга.

13 јуни (петок) во 20:30 во МКЦ (сала „25 Мај“) „Атрас“ – кореографско соло на Александар Георгиев.

Покрај главната, ќе се одржува и додатна програма во КСП Центар Јадро на 14 јуни (сабота) во
20:00 часот со перформансот „Растварања“ на Маја Зечо.

Влезот на сите настани е слободен освен за настанот „Пич Прич: СРАМОТА“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни