Општина Охрид го распиша годинашниот Конкурс за најдобар расказ за наградата што традиционално се доделува во чест на охридскиот писател и раскажувач Живко Чинго.
Според пропишаните пропозиции на Конкурсот, право на учество имааат сите полнолетни граѓани, кои своите трудови треба да ги достават во печатена форма во три примероци под шифра без лични податоци на адресата на Општина Охрид, со назнака „за конкурсот за расказ“.
Авторското право наградените ќе го докажуваат со четврт примерок.
Краен рок за доставување на трудовите е 29-ти овој месец, а жири–комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 5 август.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари. Таа ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.