Обвинителството во Хаг бара апсење на лидерите на Талибанците поради малтретирање на жени

Жените, девојките и припадниците на ЛГБТ заедницата во Авганистан се соочуваат со прогон од страна на Талибанците

Oбвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг соопшти дека бара апсење на лидерите на Талибанците од Авганистан поради малтретирање на жени и злосторства против човечноста. Тужителот Карим Кан, изјави дека обвинетите се лидерите на Талибанците, Хајбатула Ахундзада и Абдул Хаким Хакани.

Според Кан, жените, девојките и припадниците на ЛГБТ заедницата во Авганистан се соочуваат со прогон од страна на Талибанците. Судиите треба да одлучат дали ќе издадат налози за апсење, што може да трае неколку недели, дури и месеци.

Кан најави дека ќе побара апсење и на други лидери на Талибанците, пренесува Ројтерс.

Оние кои им пружаат отпор на Талибанците се соочуваат со убиства, апсења, мачења и силувања, додаде Кан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни