Обвинителството бара условна казна за Жерар Депардје: Францускиот актер се суди за сексуален напад врз две жени

Жерар Депардје деновиве се соочува со судски процес поради обвиненија за сексуален напад врз две жени.

Обвинителството во четврток побара за него условна казна од 18 месеци, а според медиумите, актерот би можел да се соочи и со парична казна од 20.000 евра.

Депардје се товари дека во 2022 година, за време на снимањето на филм, несоодветно допирал 54-годишна сценографка и 34-годишна асистентка на режисерот.


Повеќе од 20 жени јавно го обвинија за недолично однесување, но ниту еден од тие случаи не стигна до суд, главно поради недостаток на докази и застареност.

Во 2020 година, актерот беше обвинет за силување и сексуално злоставување на актерката Шарлот Арнул. Минатата година, обвинителството побара тој случај да биде изнесен пред суд, но судијата сè уште нема донесено одлука.

Во отворено писмо објавено во „Фигаро“ во октомври 2023 година, Депардје категорично негираше дека некогаш злоставувал било која жена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни