Обвинителството отвори предмет за транспорт на мозоци во САД

Обвинителството оформи предмет за транспортот на мозоци од починати лица во САД. Се проверува дали биле почитувани законските процедури при изнесување биолошки материјал од државата

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија оформи предмет по информациите во јавноста поврзани со транспорт на мозоци од починати лица во Соединетите Американски Држави.

Од Обвинителството информираат дека предметот е формиран со цел да се утврди дали при евентуалниот транспорт биле испочитувани законските процедури и прописите кои се однесуваат на изнесување биолошки материјал од државата.

Надлежните институции ќе прибираат документација и ќе ги проверуваат околностите поврзани со случајот. Засега нема информации за осомничени лица, ниту за покрената формална истрага.

Од Обвинителството наведуваат дека по прибирањето на потребните податоци ќе биде донесена соодветна одлука во согласност со законот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни