Обуки и грантови за грасрут ГО и групи кои работат во областа на циркуларна економија и намалување на отпадот

People in Need (PIN) нуди сеопфатни обуки и грантова поддршка за грасрут граѓански организации (ГО) и неформални групи посветени на циркуларната економија и намалувањето на отпадот во земјата.

Во период од две години, ПИН ќе обезбеди два циклуса на обуки за најмалку 23 граѓански грасрут организации, со седиште надвор од Скопје. Обуките ќе се фокусираат на зајакнување на нивните организациски капацитети, знаења од областа на циркуларната економија, капацитетите за застапување и внатрешните процедури за управување.

Во првиот циклус ќе бидат опфатени најмалку 12 граѓански организации, додека во вториот циклус ќе учествуваат најмалку 11 организации.

Учесниците ќе се вклучат во наменски креирани онлајн сесии кои ги опфаќаат следните теми:

  • Вовед во циркуларна економија, зелена агенда и рамки на политики;
  • Принципи на кружен (циркуларен) дизајн и бизнис модели;
  • Управување со отпад и рециклирање;
  • Застапување и партиципативен дијалог за политики;
  • Организациска визија и стратегија;
  • Прибирање средства, вклучително и развивање предлози за зелено финансирање;
  • Видливост на акции финансирани од ЕУ;
  • Управување со проекти, вклучувајќи финансиски и оперативни аспекти.

По завршувањето на обуките, од 12 организации учеснички во првиот циклус ќе бидат избрани осум организации кои се квалификувани да добијат грантови до 3.000 евра за поддршка на локално водени иницијативи за управување со отпадот, намалување на отпадот, повторна употреба, рециклирање и надградување на отпадот.

„Драго ни е што имаме можност да ги зајакнеме грасрут организациите да придонесат за значајни промени во нивните заедници“, рече Сунчица Костовска Петровска од ПИН („Луѓе во потреба“) и додаде: „Преку зголемување на нивните капацитети и обезбедување финансиска поддршка за иницијативите, имаме за цел да поттикнеме мрежа на локални лидери на граѓанското општество, посветени на унапредување на циркуларната економија и влијание во напорите за зелена транзиција во земјата. Ги охрабруваме заинтересираните организации внимателно да го разгледаат повикот, каде се наведени условите и постапката за аплицирање на следниот линк: https://westernbalkans.peopleinneed.net/mk/obuki-i-grantovi-za-grasrut-gragjanski-organizatsii-i-grupi-koi-rabotat-vo-oblasta-na-tsirkularna-ekonomija-i-namaluvanje-na-otpadot-12336gp

За повеќе информации, како што велат од таму, следете го PIN на социјалните медиуми: https://www.facebook.com/PINnorthmacedonia

Инаку, People in Need е чешка невладина, непрофитна организација која обезбедува хуманитарна помош и развојна помош во повеќе од 40 земји ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни