Од 26 август 2024 до 28 февруари 2025 North-South Centre of the Council of Europe, организира обука за Глобално образование и образование за одржлив развој.
Обуката е наменета за млади практичари во образованието во формалниот и неформалниот сектор, активни во граѓански организации или младински организации/платформи/институции поврзани со младите.
Како дел од проектот iLEGEND III, оваа обука има за цел: да ги зголеми педагошките вештини засновани на Глобално образование и образованието за одржлив развој; да ги зајакне вештините за интеркултурно учење; да научи како да се применуваат различни педагошки пристапи и работни методи засновани на неформално учење и да научи како да се промовира вмрежувањето за да се обезбеди мултипликативен ефект на локално и глобално ниво.
Концептуалната и методолошката рамка на курсот се заснова на Глобалните образовни насоки и Референтната рамка на компетенции за демократска култура на Советот на Европа.
Обуката се состои од онлајн фаза, резиденцијална фаза и фаза на последователни активности.
Крајниот рок за пријавување е заклучно со 28 јули 2024 година.
Линк за аплицирање:
https://forms.office.com/pages/responsepage.aspx?id=grBJPtViSUilsIbtUZKH0hIY5Hy9ndZGgszPLJx0BlBUMDZaNTJVSk9ORjBaUFg1OVlTV1M3VjdEUC4u