Секоја втора од три жени во Македонија се соочила со демнење , закани, навреди, но и физичко насилство што не става на четвртото место во регионот .
Сајбер насилството е најиразено. Според истражување на ОБСЕ, 62,8 проценти од жените кај нас барем еднаш се соочиле со онлан малтретирање, а во голем дел од случаите биле објавувани и експлицитни содржини. Состојбата е критична особено во средните училишта каде според истражувањата 78% од испитаниците биле жртви на онлајн насилство. Но не сите млади девојки се охрарабруваат да пријават воознемирување.
Амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Килијан Велко, овие податоци и насилството врз жените ги опишува како алармантни.