Ветеринарите предупредија дека зимското време може да предизвика бројни здравствени компликации кај домашните миленици
Кучињата, исто како и луѓето, чувствуваат студ и може да се чувствуваат непријатно кога ќе дојде зимата. Иако некои кучиња се поотпорни на студ поради нивното густо крзно, многу од нив се чувствителни на студ, ветер и влажност. Сопствениците често не забележуваат знаци на непријатност кај своите четириножни пријатели, поради што е важно да се следи нивното однесување и да им се обезбеди дополнителна заштита и топлина во текот на студените денови.
Еве ги предупредувањата до сопствениците на домашни миленици.
Има седум симптоми на кои треба да се внимава секоја зима, и кои би можеле да сигнализираат н „посериозни“ здравствени проблеми.
Како што температурите продолжуваат да паѓаат, нашите сакани животни може да се борат и со сурови услови. Експертите во Медивет, водечкиот давател на ветеринарна нега во Велика Британија, ги повикаа сопствениците на домашни миленици, како се прбилижуваат постудените месеци, внимателно да ги следат своите крзнени миленици.
Од болести и смрзнатини до тешки состојби како што е хипотермија,
Ветеринарите предупредија дека зимското време може да предизвика голем број здравствени компликации кај домашните миленици, при што раните знаци често се занемаруваат, објавува Мирор. Додека одговорните сопственици се стремат да ја заштитат благосостојбата на своите миленици преку целата година, зимата може да донесе уникатни ризици и опасности.
Обрнете внимание
Во периоди на лошо време, постојат неколку предупредувачки знаци на кои треба да внимавате кај вашето домашно милениче, а кои би можеле да укажуваат на нешто загрижувачко. Тие вклучуваат: тресење, прекумерно кивање, течење на носот, постојано солзење на очите, сува или лупечка кожа, поспаност и завивање.