Нов рестриктивен закон за пушење: Предвидува целосна забрана за малолетници во Велика Британија

Предлог-законот чија цел е на британските малолетни лица да им се забрани било кога легално да можат да пушат, денеска е образложен во Парламентот.

Законот за тутун и електронски цигари, исто така, ќе забрани пушење и во некои отворени простории, како што се игралишта и влезови во училишта и болници.

Но, предложената забрана за пушење во дворови на пивници е отфрлена, по противењето на сопствениците на баровите.

Министерот за здравство Вес Стритинг рече дека угостителската индустрија претрпе удар во изминатите неколку години и дека не е вистинско време да се забрани пушењето во дворовите на пивниците.

Нацрт-законот, исто така, предлага да се ограничат вкусовите на електронските цигари и да се забрани светлата амбалажа наменета за деца, за да се сузбие „циничната индустрија која настојуваше новата генерација деца да станат зависни од никотин“, рече Стритинг.

Продолжува и планот на претходната влада секоја година да се зголемува минималната старосна граница за купување тутун за по една година.

Во моментов е незаконски да се продаваат цигари или електронски цигари на луѓе помлади од 18 години.

Законот најверојатно ќе биде усвоен бидејќи Лабуристичката партија, која го иницираше законот, има мнозинство во Парламентот.

Бројот на луѓе кои пушат во Велика Британија е намален за две третини од 1970-тите, но околу 6,4 милиони луѓе, или 13 отсто од населението, се уште пушат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни