Обранет рекорден хакерски напад врз Cloudflare

Денес попладне се случи најголемиот DDoS напад до сега. На серверите на Cloudflare беше лансиран напад со интензитет од 29,7 терабити во секунда (Tbps), кој траеше 69 секунди.

Нападот дојде од ботнетот AISURU. Целта на нападот останува непозната за јавноста.

Cloudflare наведува дека во третото тримесечје од оваа година бил забележан незапаметен ефект од ботнетот Aisuru, мрежа која во својот состав има од еден до четири милиони уреди, користени за лансирање на сајбер напади со огромен обем на податоци.

Во просек се регистрираат 14 напади дневно, а сообраќајот од DDoS напади против компании кои работат со вештачка интелигенција (AI) пораснал за 347%. Компаниите кои се занимаваат со AI се најчесто цели на овие напади, додека под закана се и секторите за рударство и автомобилска индустрија, особено во контекст на тензиите помеѓу Кина и ЕУ за тарифите на електрични возила и извозот на ретки минерали.

Вкупниот број на напади што Cloudflare ги блокирал изнесува 8,3 милиони, со пораст од 40% оваа година, а 2.867 напади биле токму од ботнетот Aisuru. Последниот напад од 29,7 Tbps, кој траеше 69 секунди, држи рекорд како најголем напад врз оваа компанија.

Иако многу од овие напади траат само неколку минути, сепак можат да предизвикаат долгорочни последици кои влијаат на оперативноста на целните компании.

Најголем глобален извор на DDoS напади е Индонезија, а сообраќајот од напади од оваа земја пораснал за 31.900% во последните четири години, додека по број на напади зад Индонезија се Тајланд, Бангладеш, Еквадор и Русија.

Ботнетот Aisuru исто така ги погодил телекомуникациските, гејминг, хостинг и финансиските компании, што довело и до нарушувања на интернетот во САД поради големиот обем на сообраќај. Како што наведува Security Affairs, делови од ботнетот дури се изнајмуваат, што овозможува на било кого да покрене DDoS напади по цена од само неколку стотини до неколку илјади долари.

Подсетуваме дека пред нешто помалку од две недели, поради дефект во компанијата Cloudflare, дојде до прекин на услугите на многу интернет сервиси, вклучувајќи ChatGPT и мрежата X.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни