Обновливата енергија ја трансформира Европа: Која земја води и што следува до 2030?

Обновливите извори стануваат двигател на енергетската иднина на ЕУ. Дознај кои земји предничат, колку инвестираат и како Европа планира 42.5% чиста енергија до 2030 година.

Обновливите извори на енергија претставуваат клучен столб во енергетската политика на Европа и на Европската Унија. Тие не само што придонесуваат за намалување на зависноста од фосилни горива и енергетски увоз, туку играат важна улога во борбата против климатските промени и обезбедување на одржлива енергетска иднина.

Кои се главните обновливи извори на енергија во ЕУ?

Во ЕУ, најчесто користени обновливи извори се: Хидроенергија, сончевата енергија (фотоволтаици), енергија од ветер, биомаса и биогорива и геотермална енергија

Според податоци од 2023 година, обновливите извори учествуваат со над 23% во вкупната финална потрошувачка на енергија во ЕУ, со тенденција на постојан раст. Целта на ЕУ е до 2030 година да се достигне најмалку 42.5%, со можност за зголемување до 45%, според Европскиот зелен договор и планот “Fit for 55”.

Кои земји се предводници во Европа?

Некои земји во ЕУ значително се издвојуваат по вложувањата и употребата на обновливи извори:

Во Шведска над 60% од енергијата потекнува од обновливи извори. Главно хидроенергија и биомаса. Данска е лидер во енергијата од ветер. Над 50% од електричната енергија доаѓа од ветерници. Германија има големи инвестиции во соларна и ветерна енергија. Програмата „Energiewende“ ги трансформира енергетските системи. Шпанија пак е предводник во соларна енергија, особено во фотоволтаици и соларни термални централи. Холандија и интензивно гради офшор ветерни паркови во Северното Море.

Во 2023 година, најголеми инвестиции беа забележани во:

Германија – преку 30 милијарди евра за соларна и ветерна енергија.

Франција – силен фокус на офшор ветер и хидроелектрани.

Холандија и Данска – вложуваат во офшор ветерни фарми и водородна технологија.

Шпанија и Италија – интензивирање на инвестиции во соларни панели и батериски системи.

Предвидувања за иднината

ЕУ има амбициозни цели, до 2030: најмалку 42.5% од енергијата во Европа да биде од обновливи извори. До 2050: целосна декарбонизација и климатска неутралност., а тука се и зголемени инвестиции во зелен водород, паметни мрежи, батерии и иновации во складирање на енергија.

Технологијата брзо напредува, а истовремено се намалуваат трошоците за соларна и ветерна енергија, што дополнително го забрзува преминот кон чиста енергија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни