Обложувачите се коцкаат на прашањето „Дали нуклеарно оружје ќе биде детонирано во 2024 година?“

Платформата за обложување „Полимаркет“ остави можност обложувачите да типуваат дали светот во 2024 година ќе влезе во нуклеарна војна.

На платформата се појави прашањето „Дали нуклеарно оружје ќе биде детонирано во 2024 година?“ и веќе има уплати во вредност од над 2 милиони долари.

Според платформата шансите за нуклеарна војна до крајот на годината се 9 отсто, а доколку сакате да уплатите коефицинетот изнесува 11,11, односно со уплатени 100 долари, може да очекувате добивка од 1111,11 долари. Од друга страна, доколку уплатите на поразумната опција, да нема нуклеарно уништување на човештвото, коефициентот 1,08, па би добиле само 108 долари.

Можноста за нуклеарен конфликт стана жешка тема откако американскиот претседател Џо Бајден ѝ одобри  наУкраина употребата на ракети од американско производство за да напаѓа подлабоко во руска територија. Оваа одлука доаѓа и покрај острото предупредување на рускиот претседател Владимир Путин дека таквите акции може да се сметаат за објава на војна. Русија изрази загриженост дека овие потези може да ги вовлечат НАТО и САД во директно вклучување во војната, зголемувајќи ги тензиите уште повеќе.

Руски пратеник го нарече изборот на Бајден „многу голем чекор кон Третата светска војна“, додавајќи дека тоа е додавање гориво на огнот во тековната војна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни