Помош можете да побарате во стара шпанска вештина на гатање наречена стерномантија. Овој поим се однесува на предвидување од обликот и карактеристиките на градите, а денеска оваа „метода“ ја користат и некои стручњаци. Тие тврдат дека карактерот на жената може да се „прочита“ преку обликот и големината на нејзините гради.

Италијанскиот сексолог Пјеро Лоренцони
Лоренцони објаснува дека градите можат да го покажат карактерот на жената исто како хороскопот. Градите ги споредува со овошја и тврди дека нивниот облик и големина откриваат сè за неа.
Според неговата теорија, жените со мали гради се возбудливи, интелигентни, сакаат секс и се вистински животни сопатнички.
Жените со големи гради, пак, ги дели на оние кои ретко одбиваат повик за секс, и на оние кои повеќе уживаат во нежноста.

Според обликот на градите, Лоренцони ги дели жените на: дињи, грејпфрут, круши и лимони. Подоцна ги додава и портокалите, за кои вели дека жените со таков облик не се луди по сексот, но сакаат мазење.
Еве што вели сексологот за секој облик:
🔸 Диња – сака восхит и обожава да биде разгалувана
Жените со округли гради изгледаат мајчински, но всушност сакаат восхит од мажите. Ако ги разгалите, ретко ќе одбијат покана за секс.
🔸 Лимон – секогаш во потрага по уживање
Мажите кои сакаат див, неукротлив карактер треба да изберат жени со гради што личат на половинки лимон. Овие жени се полни со живот, понекогаш слатко дрски, и сакаат авантури и адреналин.

🔸 Грејпфрут – сака нежност, не е за голема страст
Жените со вакви гради можеби изгледаат секси, но во суштина се срамежливи и не се заинтересирани за големи страствени моменти. Ќе ве разгалат, но претпочитаат нежност наместо секс.
🔸 Круша – слатка како доцна есенска круша
Ако ве привлекува жена со гради во облик на круша, знајте дека иако изгледа конзервативно, таа сака секс во сите варијанти. Но внимавајте – иако изгледа сериозно, често знае да изневери.
Извор: 24sata.hr