Ако сте под стрес, можеби ќе ви помогне малку „терапија преку купување“. Носењето облека во „смирувачка“ боја може да донесе долготрајно чувство на смиреност и баланс во вашиот ден. Различни бои можат да влијаат на нашето расположение, објаснува Мишел Луис, стручњак за психологија на бои и основач на „The Color Cure“, пишува New York Post.
Иако жолта боја може да го подобри расположението, а розева може да создаде чувство на удобност, зелената е клучна за чувство на баланс.
Како што вели Луис за Business Insider, зелената е примарна боја во психологијата која ги балансира црвената, жолтата и сината.
„Претерано сте под стрес? Зелената ќе ве смири. Се чувствувате лошо? Оваа боја може да го подигне вашето расположение“, наведува. Луис исто така нагласува дека зелената смирува и помага во емоционалниот развој, поради што и лично ја сака да ја носи.
Психологот Елен Албертсон изјавила за Very Well дека носењето зелена боја може да донесе чувство на опуштеност и смиреност. И студиите ја поддржуваат оваа теорија. Така, студија од 2017 година покажа дека престојот во зелено опкружување е поврзан со понизок крвен притисок и побавно отчукивање на срцето.