Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Минималните утрински температури ќе се движат од 6 до 11 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 10 до 16 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со можен слаб дожд претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 10 степени наутро до околу 14 степени во текот на денот.
Прогноза за наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно и суво време, со повеќе сончеви периоди. Нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и за време на викендот.