Објавена е фотографија од уапсениот Мадуро

Се чини дека Мадуро носи елек за спасување, а до него е лице кое носи јакна со ознаките на Агенцијата за борба против дрога на САД (ДЕА)

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија од сега веќе екс претседателот на Венецуела, Николас Мадуро со лисици.

Се чини дека Мадуро носи елек за спасување, а до него е лице кое носи јакна со ознаките на Агенцијата за борба против дрога на САД (ДЕА).

Мадуро има и заштитни слушалки на ушите, а на фотографијата се гледа како држи шише со вода.

Утринава преку операција на американската единица „Делта фор“с Мадуро бил уапсен и извлечен од Венецуела заедно со неговата сопруга.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни