Објавен романот Шаги Бејн од шкотско-американскиот писател Даглас Стјуарт

Ова е неговиот прв роман и за него авторот ја добива престижната награда „Букер“ и стекнува светска слава, а романот е преведен на повеќе од четириесет јазици

Во рамки на издавачката куќа Артконект неодамна се објави романот Шаги Бејн од шкотско-американскиот писател Даглас Стјуарт. Ова е неговиот прв роман и за него авторот ја добива престижната награда „Букер“ и стекнува светска слава, а романот е преведен на повеќе од четириесет јазици.

Приказната започнува со младата Агнес Бејн, која со своите три деца и сопругот е принудена да се пресели во малиот стан на своите родители. Борејќи се со сиромаштијата, депресијата и насилството на кое е секојдневно изложена, Агнес сè повеќе сфаќа дека никогаш нема да го живее животот што го посакува. Нејзиниот најмал син, Шаги, е единствениот што сонува дека љубовта, сепак, може да го спаси неговото семејство.

„Како што тој [Шаги] расте, а Агнес полека тоне, постои чувство на неизбежност во приказната, но тоа не ја прави предвидлива; читателот всушност е целосно вовлечен во приказната и очајно се надева дека момчето и неговата мајка ќе се ослободат од двете близначки-стапици – сиромаштијата и алкохолизмот.“

Гардијан

Книгата е објавена во рамки на проектот „Соочување со неизвесноста: современа европска литература“ што издавачката куќа Артконект го реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Преводот е на Ацо Пероски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни