Објавен меѓународен конкурс за стрип

Стриповите од македонски автори ќе имаат предност при оценување доколку бидат на македонски јазик и кирилско писмо

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот Меѓународен конкурс за стрип.

Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 23 Мегународен стрип салон “ Велес 2026‘-најзначајна стрип манифестација во државата. Истиот  е финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Велес .

Пропозиции:

– Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;

– Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 3 сликички.

– Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.

– Tемата на стрипот е слободна. Исклучок се прави за учениците од основно и средно образование коишо треба да се консултираат со своите училишта околу евентуалната тематика .

-Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.

– На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)

– Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.

– Стриповите од македонски автори ќе имаат предност при оценување доколку бидат на македонски јазик и кирилско писмо.

– Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на  изложбата на Салонот на стрип  ВЕЛЕС 2026 со реална можност за друг вид на промоција.

– Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена  комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:

• Прва награда, 300 ЕУР – ”Златен стрип”, изданија и диплома за прво место.

• Втора награда ”Сребрен стрип’ ПАРИЧНО ‘ и диплома за второ место.(во склад со финансиите)

• Трета награда,”Бронзен стрип”  ПАРИЧНО и диплома за трето место.(во склад со финансиите)

• Награда за најдобро сценарио, диплома.

• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.

• Други специјални награди.

Рокот за испраќање е до 01.08.2026 година.

Тие може да се испратат на

a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)

Ул. Васил Ѓоргов, бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија

б) Или преку Е-маил : stripkonkurs@gmail.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни