Истражувањето на авторките Натали Китаноска и Ивана Јовановска од Трн посветено на засрамувачките барања за жените на пазарот на труд е објавено на значајната регионална новинарска мрежа Balkan Insight на англиски јазик. Ова ја зголемува релевантноста на темата и покажува интерес за анализа на состојбите на пазарот на труд во Македонија поврзани со сексистички, мизогини и дискриминаторски практики кои длабоко ја поткопуваат еднаквоста на жените и ја попречуваат нивната еднаквост во сите општестени сфери.
Главен дел од истражувачкиот процес се состои од анкета во која беа опфатени 56 испитанички од 35 до 50 години чии споделени искуства и податоци овозможија да се стекнат повеќе информации за жените и дискриминацијата по физички изглед на пазарот на труд. До крајот на прашалникот, како што се наведува во анкетата, 50 проценти од испитаничките се согласиле дека нивниот изглед влијае на нивните шанси за вработување, додека 80 проценти од испитаничките можеа да наведат барем еден пример каде им би било наведено дека физичкиот изглед влијаел на нивните шанси за вработување.

Текстот се фокусира на причините поради кои системските недостатоци и недоволната заштита на жените во Северна Македонија се однесуваат на пазарот на труд во земјата и нивната потрага по работна позиција или напредок на работното место. Кај испитаничките постои свесноста за тоа што треба да се направи во поглед на оваа проблематика, но истовремено и чувството дека не се работи доволно на неа. Во разговор со експерти се забележува дека не постојат доволно механизми за суштински и темелен однос кон дискриминацијата на жените на работното место, а механизмите за едукација и сензибилизирање се поважни од кога било.
Над 80 проценти од испитаничките во истражувањето дадоа примери кои ги адресираат овие прашања, во контекст на тоа дека овој однос дополнително се базира на недолични коментари не само околу очекувања за изгледот, туку и нивната компетенција и ејџизмот кои се високо застапени.
Непријавувањето на овој тип на дискриминација во Северна Македонија, односно третманот на оваа тема како прашање кое како да не постои и за кое не се зборува доволно, укажува на сериозна потреба од длабоки трансформации на пазарот на труд преку механизми кои ќе го санкционираат нормализирањето на сексистички и мизогини пракси кои прават овие теми во македонското општество често да поминуваат скоро безгласно.
Целото истражување достапно на Balkan Insight: https://balkaninsight.com/2025/08/04/smile-more-women-still-judged-by-looks-in-north-macedonias-job-market/