Search

Обилните снежни врнежи во Европа предизвикаа хаос низ целиот свет

Патувањата низ Европа беа прекинати во саботата, поради обилните снежни врнежи  кои ги прекрија градовите како и  ниските температури поради кои  започнаа смртоносни бури на почетокот на зимската сезона.

Летови беа откажани во Минхен и Даблин во саботата, откако зимската бура ја посипи со снег  јужна Германија и делови од Австрија, Швајцарија и Чешка, попречувајќи го патувањето низ целиот континент .

Стотици летови во и надвор од Минхен беа откажани и не се очекува тие да продолжат до недела наутро, објавија од аеродромот.

Беа објавени и видео снимки од авиони и асфалтот на аеродромот во Минхен прекриени во бело на кои се гледа како екипите работат на расчистување на зимскиот хаос.

Според службите за следење на летови ,  забележани се доцнења од еден или повеќе часови на аеродромите во Лондон, Виена и Цирих.

Десет летови во Даблин беа откажани, вклучително и еден кој пристигнуваше од Минхен, бидејќи снегот и ледените услови создаваат многу лоши услови за патување – објави Irish Independent.

Аеродромот во Глазгов ги прекина сите летови во саботата наутро поради „пообилен снег од предвиденото“, но продолжи со летовите неколку часа подоцна, се вели во објавата на профилот на „X“ .

Во Австрија и Швајцарија снегот ги натера властите да алармираат за потенцијални лавини.

Спортските настани беа откажани, вклучително и 11 шкотски фудбалски натпревари.

Во изминатата недела, 10 лица загинаа во снежното невреме што ја потресе Украина, оставајќи илјадници луѓе заробени во нивните возила.

Гардијан објави дека 1.500 градови и села во земјата опустошена од војната останале без струја, а една снежна бура во Одеса оставила 2.500  заглавени во снежните бури , и околу 850 возила кои треба да се извлечат на безбедно.

Четири лица загинаа во Молдавија како последица на снежното невреме. Две од телата беа извадени од автомобили затрупани во снежните наноси.

Зимата стигна дури и на Хаваи, каде што беа забележани првите снегулки во сезоната поради временскиот систем Kona Low кој донесе силен дожд на пониските места почнувајќи од средата.

Според Fox Weather, во текот на неделата треба да дојде до намалување на снегот.

„Пред да започне стабилизацијата на временските услови во источниот регион Мауи заврна дожд кој во моментов е многу потребен таму , додека пак на Големиот Остров има и снег .

Ниту заспаниот вулкан Мауна Кеа не ја избегна зимата , каде што наврнаа приближно 12 центиметри снег во четвртокот.

„Ова изгледаше како зимата да го достигнува својот врв , слично на она што се случува во другите делови на САД овој период од годината“, вели метеорологот на Fox Weather Саманта Томас .

Додека овие временски услови се донекаде очекувани, експертите внимателно ја следат прогнозата, а неколку метри снег се очекува да продолжи да паѓа во Орегон и Вашингтон до сабота.

Најголемиот дел од обилните снежни врнежи се очекуваат на повисоките места, што предизвикува загриженост за зголемен ризик од поплави .

„Едноставно кажано, сега имаме тони силен дожд што паѓа на повисоките места и на врвовите каде што штотуку заврна снег , и ова предизвикува поголема закана од поплави’’ – вели Томас.

Обилните врнежи од дожд и високите врнежи од снег ќе продолжат во северозападниот дел на Тихиот Океан, карпестите планини и делови од Големиот басен во текот на викендот-  прогнозира Националната метеоролошка служба.

Извор: news.google.com

Најново

Последни колумни