Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, Македонија ќе доживее голема промена на времето оваа недела.
Особено во текот на изминатата ноќ насекаде имаше врнежи од дожд. На повеќе места врнежите беа обилни, проследени со силен јужен и југоисточен ветер, локално со брзина над 60 км/час.
Денес лкално е можна појава на невреме со поројни врнежи и грмежи.
Количина на врнежи и снег на планините
На многу места ќе наврне над 30 литри на метар квадратен воден талог. На планините со надморска височина над 1400–1500 метри, особено во западните и северозападните предели, врнежите ќе бидат од снег.
Во Скопје и околината ќе има повремено обилни врнежи од дожд, со силен ветер од јужен и југоисточен правец, делумно со брзина над 60 км/час.
Температури над просекот
Поради јужното воздушно струење, температурите речиси насекаде во Македонија ќе надминуваат 10°C, а на повеќе места ќе достигнат околу 15°C. Во Повардарието и југоисточните предели температурите може да се искачат до близу 20°C
Ризик од поплави
Поради обилните дождови, повторно се очекува зголемување на нивото на реките и езерата.Постојат опасности од излевање на реките и нови поплави.