Обилни врнежи во Непал: загинале најмалку 42 лица

Најмалку 42 лица го загубија животот во свлечишта, поплави и невреме предизвикани од обилните врнежи кои ја погодија Непал од петок, соопштија локалните власти.

Пет лица се уште се водат како исчезнати, изјави портпаролката на Националната агенција за вонредни ситуации.

Автопатиштата беа погодени од свлечишта, поради што стотици патници останаа блокирани, јавуваат медиумите повикувајќи се на локални официјални лица.

Секоја година стотици луѓе страдаат во свлечишта и поплави во претежно планинскиот Непал за време на сезоната на мусонските дождови, која започнува средината на јуни и трае до средината на септември.

Во одделни свлечишта во округот Илам на истокот, кој граничи со Индија, загинаа 18 лица, изјави портпаролот на полицијата Бинод Гимире. Три лица загинаа од громови во јужниот дел на Непал, а едно лице загина во поплава во округот Удајапур, исто така на истокот, додаде тој.

Единаесет лица ги однела поплавата и се водат како исчезнати од саботата, соопштија властите. „Акциите за спасување се во тек“, рече Шанти Махат, портпаролка на Националното тело за управување со ризик од катастрофи (NDRRMA).

Неколку автопати се блокирани поради свлечишта и поплави, што довело до заглавување на стотици патници.

„Распоредот на домашните летови е претежно нарушен, но меѓународните летови се одвиваат нормално“, изјави Ринџи Шерпа, портпарол на аеродромот во Катманду.

Во југоисточен Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во индиската сојузна држава Бихар, се издигнала над опасното ниво, изјави окружниот службеник. Дармендра Кумар Мишра, управник на округот Сунсари, додаде дека протокот на водата во реката Коши бил повеќе од двојно поголем од нормалниот.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни