Обилни врнежи предизвикаа поплави и одрони низ Македонија – евакуирани 60 лица

Во Кичево, поради поплавени стамбени објекти на улицата „Прилепска“, евакуирани се 60 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“. Поплави се регистрирани и во Охрид, каде се зафатени подруми, гаражи и дворови.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г-дин Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата на терен по обилните врнежи што ја зафатија земјава. Граѓаните се повикуваат, доколку имаат потреба или забележат проблеми, истите веднаш да ги пријават на бројот 112.

Според досегашните пријави и интервенции заклучно со 21:00 часот на 07 јануари 2026 година, регистрирани се одрони, излевања на реки и поплави на повеќе локации низ државата.

На патниот правец Гостивар – Стража има одрони, но сообраќајот се одвива редовно, додека на релацијата Тетово – Бањиче одроните покрај коловозот го отежнуваат движењето. Во селото Балин Дол се излеа реката Вардар, при што се поплавени десет земјоделски парцели и неколку дворови, а е забележано и намалено производство на ХЕЦ „Маврово“.

Во селата Мало Турчане и Горно Бањице се излеале Лакавичка и Сушичка река, со поплавено земјоделско земјиште, при што општината се соочува со недостиг од соодветна механизација. Во Форино е забележано паднато дрво во коритото на Вардар, со потенцијален ризик од поплави, а екипа со моторна пила веќе интервенира.

Поплави се пријавени и во Битола и околината, особено во селата Лера и Породин, каде е зафатена и живинарска фарма. Во Општина Ресен, неколку села пријавуваат поплавени дворови и земјоделски површини, без излевање на реките.

Во Кичево, поради поплавени стамбени објекти на улицата „Прилепска“, евакуирани се 60 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“. Поплави се регистрирани и во Охрид, каде се зафатени подруми, гаражи и дворови.

Сите надлежни институции се на терен и активно работат на санирање на состојбата. Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат официјалните известувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни