Под влијание на медитерански циклон и продор на поладен воздух од север, до недела (30 ноември) во Македонија ќе продолжи облачно и релативно студено време со обилни и поројни врнежи од дожд, а локално и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер.
На планините над 1500 м веќе паѓа снег и се формира снежна покривка.
Во недела снег и под 1000 м, што значи дека снежни врнежи се можни и во повисоките населени места ширум земјата, како и на скопските планини.
Локално до недела се очекуваат над 50 литри дожд, па затоа се апелира за претпазливост во сообраќајот и избегнување движење покрај водотеци поради можни пораст на нивото на реките и нови поплавувања.
Температурите за викенд значително опаѓаат – меѓу 3 и 11°C, а во Скопје околу 7°C.
