Територијата на Република Македонија се наоѓа под силно влијание на интензивен циклонски систем кој се формираше над Џенова. Овој систем условува обилни врнежи од дожд, најизразени во западните делови од државата, каде што врнежите се проследени со грмежи и засилен јужен ветер. На одделни локации се регистрирани и поинтензивни, локализирани непогоди.
Според досегашните мерења, најмногу дожд наврна во Лазарополе – вкупно 60 литри на квадратен метар. Од поголемите градови, Тетово е со највисока количина врнежи, каде до утринските часови се измерени 53 литри дожд.
Метеоролошките услови остануваат нестабилни, а врнежите продолжуваат со променлив интензитет. Очекувањата се дека во текот на денот ќе има дополнителни локални засилувања на дождот, особено во планинските и западните региони.
На следната метеоролошка карта може да го погледнете наврнатото количество воден талог (во литри на метар квадратен) до 2 часот по полноќ за денешниот ден, среда 19 ноември.
