Под влијание на голем влажен бран од југ, денес (петок, 5 декември) времето низ Македонија ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд. Најинтензивни врнежи се очекуваат во јужните предели, каде локално за 24 часа може да наврнат над 40 литри дожд.
На планините над 1700–1800 метри врнежите ќе преминуваат во снег.
Ќе дува слаб до умерен северен и североисточен ветер
И во главниот град денес ќе има облачност и повремено пообилни врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 9°C.
Поради најавените врнежи, целата држава е во жолта предупредувачка фаза, додека југоистокот е ставен под портокалова фаза, каде се очекува најголема количина дожд.
Обилните врнежи може повторно да предизвикаат: пораст на нивото на реките и езерата, локални излевања во јужните региони и нови локални поплави.
Возачите се повикуваат на зголемено внимание, особено во близина на реките и водотеците, каде постои ризик од брзо зголемување на водостојот.
