Обидот за опожарување на синагогата во Скопје ја вознемири јавноста

Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, остро го осуди инцидентот, нагласувајќи дека ваквите дејствија не претставуваат само напад врз верски објект, туку и директен удар врз соживотот

Еврејската заедница во Македонија синоќа соопшти дека во текот на вчерашниот ден бил извршен обид за подметнување пожар во нивен објект, вклучително и во синагогата во Скопје, инцидент што предизвика силни реакции во јавноста.

Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, остро го осуди инцидентот, нагласувајќи дека ваквите дејствија не претставуваат само напад врз верски објект, туку и директен удар врз соживотот, достоинството и меѓусебната почит во македонското општество.

„Ова не е само напад врз објект – ова е напад врз вредностите што нè држат заедно како заедница“, се наведува во реакцијата.

Од Заедницата потсетуваат дека Евреите во Македонија, иако малубројни, имаат длабоки историски корени и со децении придонесуваат за градење на мир и солидарност.

„Живееме со свои верски традиции, но секогаш сме биле дел од заедничкото секојдневие – рамо до рамо со сите граѓани“, се наведува во соопштението.

МВР го потврди настанот од каде велат дека во дворот од верскиот објект е најден канистар за гориво, а како што се гледа на фотографијата објавена од Амбасадата на Израел во Македонија на вратата има траги од горење

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни