Обединетите Нации се повлекуваат од Јемен

ОН тврдат дека вонредната одлука за пауза на сите операции и програми во провинцијата Саада е „последица на недостигот на неопходни безбедносни услови и гаранции“.


Обединетите Нации соопштија дека ги суспендирале хуманитарните операции на северот на Јемен, подрачје кое е засолниште на побунетите Хути, откако тие заробиле уште осум припадници на персоналот на Светската Организација.

ОН тврдат дека вонредната одлука за пауза на сите операции и програми во провинцијата Саада е „последица на недостигот на неопходни безбедносни услови и гаранции“.

Побунениците во претходните месеци заробиле десетици припадници на персоналот на ОН.

Тие исто така заробиле бројни поединци поврзани со хуманитарни групи, организации на цивилното општество и поранешната амбасада на САД во Сана, главниот град на Јемен, кој е под контрола на Хутите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни