„Обединети против Фашизмот“- Загреб не е усташки град

Иницијативата „Обединети против фашизмот“ испрати силна порака од центарот на Загреб, обвинувајќи ја власта за нормализација на усташтвото, говорот на омраза и историскиот ревизионизам.
epa12685825 Croatian fans celebrate after the EHF EURO 2026 men's handball main round match between Slovenia and Croatia, in Malmo, Sweden, 27 January 2026. EPA/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT SWEDEN OUT

Иницијативата „Обединети против фашизмот“ порача дека Загреб не е и нема да биде позадина за политички спектакли кои, според нив, придонесуваат за нормализација на усташтвото, говорот на омраза и историскиот ревизионизам.

За време на вечерашниот дочек на хрватските ракометни репрезентативци на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, членки на Иницијативата развија транспарент со пораката „Обединети против фашизмот“, токму во моментот кога на бината настапуваше пејачот Марко Перковиќ Томпсон.

Обвинувања кон Владата

Од Иницијативата наведуваат дека со оваа акција сакаат јавно да предупредат дека не прифаќаат, како што велат, самоволие на Владата, која преку кршење на законите и Уставот, според нив, продолжува со практики што водат кон релативизација на усташтвото, закани, заплашување, омраза и насилство.

Тие истакнуваат дека им е доста од, како што ги нарекуваат, спинови и инструментализација на спортот и музиката, додавајќи дека репрезентациите и спортските федерации не смеат да бидат приватна сопственост на политичките елити, ниту средство за туркање на општеството кон радикалната десница.

„Плоштадите не се сцена за агресивен лажен патриотизам“

„Плоштадите не се позорница за лажно и агресивно домољубие засновано на релативизација на усташтвото. Еден пејач не е мерна единица за патриотизам, туку чадор под кој владејачката партија полесно го напушта демократскиот пат и се движи кон автократија“, порачуваат од Иницијативата, пренесува Index.hr.

Во соопштението се наведува дека антифашистичката едукација со децении е системски занемарена, додека историскиот ревизионизам, според нив, станува дел од официјалниот јавен дискурс.

„Последиците се јасни: екстремната десница е сè погласна, говорот на омраза сè почест, насилството сè поизразено, а политичката одговорност сè помала“, предупредуваат активистките.

Повик за општество без насилство и манипулации

Тие додаваат дека не сакаат да бидат заложници на политики што профитираат од трајна општествена поделеност, додека власта, како што велат, на јавноста ѝ сервира спектакли и приказни за успех, а истовремено ја поткопува правната држава и ја продлабочува поларизацијата.

Потсетуваат и на Маршот против фашизмот одржан во ноември минатата година, на кој, според нивни податоци, учествувале повеќе од 10.000 граѓани во четири хрватски града.

„Ќе продолжиме да се бориме за општество во кое сите облици на насилство, вклучително и институционалното, ќе се санкционираат, а достоинството, слободата и правата на секоја личност ќе се почитуваат“, порачуваат од Иницијативата.

Иницијативата „Обединети против фашизмот“ обединува десетици организации, колективи и поединци од цела Хрватска и, како што наведуваат, е формирана како одговор на растечката фашизација и насилството во општеството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни